вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Приведено лице од Љуботен, осудено на казна затвор

Приведено лице од Љуботен, осудено на казна затвор

Денеска околу 13.30 часот на Љуботенски пат од страна на Секторот за меѓународна полициска соработка – Одделение за потраги во содејство со Единицата за интервентна полиција лишен е од слобода А.М.(40) од с.Љуботен.

-Тој се барал со судска наредба за издржување казна затвор во времетраење од една година за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, по член 396 од Кривичниот законик, информира МВР.

Лицето е предадено во Полициска станица Чаир за понатамошна постапка по што ќе биде спроведено во казнено-поправна установа.