Англискиот Вест Хем победи со 2:1 на гости во Германија против Фрајбург, дуел кој имаше историско значење за лондонскиот клуб.
Чеканите станаа првиот англиски клуб кој 17 натпревари по ред нема пораз во европските купови, вклучувајќи ги и квалификациите.
Оваа неверојатна низа на Вест хем започна со почетокот на ланската сезона. Прво ги добија двата бараж дуели и се пласираа во групната фаза каде беа перфектни со шест од шест.
Во нокаут фазата два пати славеа на АЕК Ларнака, потоа имаа победа и реми против Гент, за да потоа следуваа и две победи над АЗ Алкмар и триумф над Фиорентина во големото финале на Конференциската лига.
Во оваа сезона, Вест хем во првото коло ја победија ТСЦ Бачка Топола, а вечерва се радуваа и против Фрајбург, па сега Чеканите имаат 16 победи и едно реми.