вторник, 21. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Тинејџер повреден со остар предмет пред угостителски објект

Тинејџер повреден со остар предмет пред угостителски објект

На 05.10.2023 во 20.42 часот во СВР Скопје, од Итна медицинска помош било пријавено дека на ул.„Тале Христов“ во Скопје имало повредено лице со остар предмет.

-Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека околу 20.30 часот пред угостителски објект две лица физички го нападнале М.А. (18) од Скопје, при што едно од нив со остар предмет му нанело повреди. М.А. бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош, информира МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.