понеделник, 13. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Миовски: Среќен сум за мојот првенец во групната фаза во Европа

Миовски: Среќен сум за мојот првенец во групната фаза во Европа

Maкедонскиот фудбалски репрезентативец, Бојан Миовски постигна гол во финишот од натпреварот од Конференциската лига против Хелсинки и така го спаси Абердин од пораз.

Абердин важеше за фаворит и очекуваше победа, меѓутоа на крајот шкотскиот тим мораше да се задоволи само со бод.

Можевме многу повеќе од реми, особено во второто полувреме во кое креиравме многу шанси. Можевме да постигнеме уште два или три гола. Во првото полувреме имаше многу прекини на играта и не можевме да го наметнеме нашиот стил на игра. Во второто полувреме израмнивме и имавме време да тргнеме по победа, а до крајот не искористивме уште една чиста ситуација. Во Европа мора да ги претворате шансите во гол. Среќен сум што го постигнав мојот првенец во групната фаза во Европа, секој фудбалер работи за вакви моменти, – изјави Миовски.