Се појавија нови снимки на кои се гледа моментот кога милитантите на Хамас со параглајдер пристигнаа на фестивалот во јужен Израел. Спасувачите рекоа дека на местото каде што се одржувал фестивалот пронашле 260 тела.
Moments before Palestinians terrorists (paragliders) wrecked havoc on a 3000+ crowd at a music festival & massacred nearly 300, injured 1500 https://t.co/xHciIVvRqn
— Stone W (@StoneWaimea) October 9, 2023
Првиот напад започнал токму за време на фестивалот, каде пристигнале многу млади луѓе, а околу 30 лица се сметаат за исчезнати. На снимката се гледаат млади луѓе како танцуваат, додека во позадина се гледаат параглајдеристи кои го напаѓаат просторот на фестивалот. Масакрот набрзо започнува, а младите панично бегаат додека припадниците на Хамас пукаат во нив.