Иако се очекуваше дека Зенит лесно ќе го мине Динамо Минск, сепак после првиот натпревар од квалификациите во Лигата на Европа, каде тимот од Белорусија победи со 4:0, ситуацијата изгледаше поинаку.
Но, со може да се каже магичен реванш натпревар Зенит успеа да ја анулира предноста и со огромна победа да дојде до пласман во плеј-офот за Лигата Европа.
По регуларните 90 минути резултатот беше ист како и на првиот натпревар, но по продолженијата Зенит успеа да победи со 8:1 и со огромна победа да обезбеди двомеч за пласман во групната фаза од Лигата на Европа.