четврток, 29. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Украина соопшти дека двајца функционери на Министерството за одбрана се осомничени за проневера

Украина соопшти дека двајца функционери на Министерството за одбрана се осомничени за проневера

Украинското Државно биро за истраги (СБИ) денеска соопшти дека двајца високи функционери на Министерството за одбрана се осомничени за проневера на седум милиони долари наменети за купување панцирни елеци.

„Офицери на СБИ доставија уште едно известување за сомневање против поранешен заменик-министер за одбрана и шеф на оддел на Министерството за одбрана за проневера на над 250 милиони гривни, јавни средства наменети за купување панцири“, соопшти СБИ.