петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Нападнат конвој со палестински цивили во северниот дел на Газа, меѓу загинатите има и деца

Нападнат конвој со палестински цивили во северниот дел на Газа, меѓу загинатите има и деца

Во северниот дел на Газа е нападнат конвој со палестински цивили, откако Израел им порача на жителите да ја напуштат областа. Според првите извештаи меѓу убиените има и деца.

Би-Би-Си потврди дека нападот се случил на улицата Салах ал-Дин, една од двете рути за евакуација од северот на Газа кон југ.

Патот беше блокиран цел ден, бидејќи жителите на Газа од север го послушаа израелското предупредување да ја напуштат областа.

Британскиот јавен сервис наведува дека на снимките се гледаат најмалку 12 тела. Главно станува збор за жени и деца, меѓу кои има и деца од две до пет години.

Палестинското Министерство за здравство соопшти дека околу 70 луѓе биле убиени на самото место и го обвини Израел за нападот.