петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

„Одговорноста за убиствениот напад на Хамас е моја“ – овој човек призна што се случило

„Одговорноста за убиствениот напад на Хамас е моја“ – овој човек призна што се случило

Шефот на израелската безбедносна агенција Шин Бет, Ронен Бар изјави дека тој е лично одговорен за тоа што немало рано предупредување за убиствениот напад на Хамас врз јужен Израел на 7 октомври.

-И покрај низата дејства што ги извршивме, за жал во саботата не можевме да генерираме доволно предупредување што би овозможило да се спречи нападот, истакна бар во писмо до членовите на агенцијата.

-Со оглед на тоа што сум на чело на организацијата, одговорноста за ова е моја … Ќе има време за истраги. Сега се бориме, напиша Бар.

Неколку часа пред нападот на 7 октомври, одбранбениот естаблишмент идентификуваше невообичаено движење во Појасот Газа, што доведе до телефонски повик меѓу високи функционери доцна во ноќта, но знаците беа главно отфрлени, пишува Тајмс оф Израел.

Сепак, според извештаите на медиумите на хебрејски јазик, Бар отишол во седиштето на агенцијата и наредил распоредување на мал тим војници на границата со Газа, очекувајќи напад од мал обем.

Најмалку 10 членови на Шин Бет беа убиени за време на нападите на 7 октомври, според агенцијата.

-Ние сме во војна, а не во битка. Во битка победувате со победничка слика и тишина; војната завршува со одлучувачка победа и промена на ситуацијата. Нема ограничување во однос на граница, нема временско ограничување. До самиот крај, додаде Бар.  (МИА)