петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Тридневна жалост по нападот на болницата во Газа

Тридневна жалост по нападот на болницата во Газа

Палестинскиот претседател Махмуд Абас прогласи тридневна жалост по воздушниот напад врз болницата Ал Ахли во Газа, јавуваат палестинските државни медиуми.

Како што јави претходно Би-Би-Си, Израелците рекоа дека причината за пожарот во болницата не е јасна и оти војската се уште истражува.

Би-Би-Си успеа да разговара со неименуван доктор кој работи во болницата. Тој за програмата Њузаур (Newshour) на Светскиот сервис на Би-Би-Си изјави дека местото на нападот, каде биле засолнети околу 4.000 раселени лица, е целосно уништено.

Тој додаде дека 80 отсто од болницата не е во функција, а во експлозијата загинале или се повредени стотици луѓе.

Тој рече дека болницата е празна бидејќи луѓето се зафатени обидувајќи се да ги спасат преживеаните од нападот, јави Би-Би-Си.  (МИА)