Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, еден од најдобрите фудбалери во историјата на Македонија, Горан Пандев во интервју за МИА откри кога сака да ја заврши својата фудбалска кариера.
– Се надевам дека ќе одиграм уште една или две сезони. Сепак, се зависи од моето здравје. Планирам кариерата да ја завршам во Џенова, во најстариот италијански клуб и навистина ќе ми биде чест таму да завршам со активно играње фудбал, изјави Пандев.
Тој кажа дека неговата желба е по крајот на кариерата да се врати во својата родна Струмица, а дека желбата му е кариерата да ја заврши во Италија.
-Да, тука ги направив првите чекори, во мојот роден град, во ФК Беласица, и да ви кажам најискрено немам некоја желба да се вратам тука и да играм повторно, бидејќи сум во години и знам дека тука во Академија Пандев играат млади фудбалери. Не ми е таков планот. Планот ми, како што веќе реков, кариерата да ја завршам во Италија, каде што ги постигнав моите најголеми успеси, каде што се афирмирав како фудбалер и навистина голема желба ми е да завршам во Италија, изјави Пандев.ќ
(Миа)