петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Експлозивна направа експлодира во близина на израелската амбасада на Кипар

Експлозивна направа експлодира во близина на израелската амбасада на Кипар

Мала импровизирана бомба утринава експлодирала во близина на израелската амбасада во кипарската престолнина Никозија, јави ДПА.

Полицијата приведе четворица мажи на возраст меѓу 17 и 21 година, јави Кипарското радио, повикувајќи се на локалните власти.

Импровизираната експлозивна направа била активирана на околу 30 метри од влезот на израелската амбасада.

Нема оштетувања на зградата.

Се претпоставува дека четворицата приведени се од Сирија.