Макс Ферстапен е победник на спринт-трката за големата Награда на САД која се вожеше на патеката во Остин.
Тој рано во трката успеа да го обезбеди предност пред Луис Хамилтон, стана првиот возач кој победил на сите спринт-трки во една сезона.
Второто место му припадна на Луис Хамилтон, додека зад него заврши Шарл Лекер.Бодови од спринт трката освоија уште и Ландо Норис (Мекларен), Серхио Перез (Ред Бул), Карлос Саинц (Ферари), Пјер Гасли (Алпин) и Џорџ Расел (Мерцедес).