петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Германија се противи на барањето на ЕУ за хуманитарен прекин на огнот во Газа

Германија се противи на барањето на ЕУ за хуманитарен прекин на огнот во Газа
епа

Во Европската Унија Германија се спротивстави на барањата за прекин на огнот од хуманитарни причини во Појасот Газа.

– Сега најважна е борбата против тероризмот, изјави денеска во Луксембург министерката за надворешни работи Аналена Бербок, јави германската агенција ДПА.

На состанокот со колегите министри од ЕУ, таа изјави дека „очигледно е дека Израел се уште трпи масовни ракетни напади“.

„Ќе има мир и безбедност за Израел и Палестинците само ако има борба против тероризмот“, додаде таа, мислејќи на нападите на исламистички Хамас врз Израел.

Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш претходно повика на итен прекин на огнот од хуманитарни причини. Гутереш поттикна и дискусија во ЕУ – дали Унијата треба да го поднесе истото барање.

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика, Жозеп Борел, денеска пред почетокот на состанокот во Луксембург изјави дека министрите ќе разговараат за повикот на ОН за „хуманитарна пауза“ и дека сега „најважно е хуманитарната поддршка да оди во Газа. “.

Шпанија, Белгија, Холандија и Ирска недвосмислено се за прекин на огнот. Од друга страна, Австрија и Чешка имаат иста позиција како Германија, додава ДПА.