петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Проектил погоди болница во египетско туристичко одморалиште, 220 километри од Појасот Газа

Проектил погоди болница во египетско туристичко одморалиште, 220 километри од Појасот Газа

Најмалку шест лица се повредени во египетскиот туристички град Таба, кој се наоѓа во близина на границата со Израел, откако проектил утрово погодил здравствена установа, јави египетската телевизија Ал Кахера.

Според Ал Кахера, проектилот што ја погодил Таба е поврзан со борбите во Појасот Газа, кој се наоѓа на околу 220 километри, каде израелските сили се подготвуваат за копнена инвазија.

Сè уште не е познато која од завојуваните страни ја истрелала ракетата.  (МИА)