Во сабота времето ќе биде облачно со врнежи од дожд, на повеќе места пообилни (над 30 л/м2), а наместа ќе бидат поројни и проследени со грмежи.
Во недела ќе дува засилен јужен ветер, а локални врнежи се очекуваат попладне во западните делови. Температурите ќе се задржат релативно високи.