вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Брајтон го победи Јунајтед, Сити му даде шест гола на Хадерсфилд

Брајтон го победи Јунајтед, Сити му даде шест гола на Хадерсфилд

Тимот на Брајтон забележа прв успех во сезоната на Премиер лигата, откако го победи Манчестер Јунајтед со 3 – 2. Тимот на Крис Хоутон одигра неверојатно прво полувреме, кога паднаа сите голови на „галебите“.

Глен Мареј отвори за домаќините во 25-тата минута, а Шејн Дафи зголеми две минути подоцна. Ромелу Лукаку намали во 34-тата минута, но Паскал Грос беше фаулиран во 44-тата минута во шеснаесетникот и Брајтон доби пенал. Грос застана зад топката и направи 3:1 на „Ајмекс“ стадионот.

Капитенот Пол Погба го даде конечниот резултат во 94-тата минута од натпреварот откако Маруан Фелаини беше фаулиран во шеснаесетникот на домаќините.

Тоа е втора победа на Брајтон над Манчестер Јунајтед откако тимот влезе во Премиер лигата, откако минатата сезона ги победија „црвените ѓаволи“ со 1:0.

Шампионот на Англија пак, Манчестер Сити постигна втора победа во вториот круг на Премиер лигата. Овој пат, Хадерсфилд Таун стана жртва на „граѓаните“.

Менаџерот Пеп Гвардиола покажа импресивен фудбал и неговиот тим победи со 6:1 на „Етихад“. Во првиот круг на новата кампања, Сити го порази Арсенал во Лондон со 2:0.

Хетрик за успехот на „граѓаните“ постигна Серхио Агуеро, а другите погодоци беа дело на Габриел Жесус, Давид Силва и авто-гол на Теренс Конголо. За гостите на Хадерсфилд, Станковиќ постигна почесен гол.

Во првиот натпревар за денот, Ватфорд беше подобар од Барнли на гостувањето со 1:3.

МИА