среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Внимавајте: За ова се добива казна од 50 евра во Грција, а може да ви ја земат и возачката

Ако тргате со автомобил во Грција на одмор, внимавајте бидејќи за оваа грешка може да платите цели педесет евра казна.
Внимавајте: За ова се добива казна од 50 евра во Грција, а може да ви ја земат и возачката

Според законските прописи во Грција, за возење во папучи се предвидува парична казна од 50 евра, но уште полошо е што полицијата може да ја земе возачката дозвола на еден месец поради овој прекршок.

Ова е особено непријатно за туристи што патуваат со автомобил во некои од грчките летувалишта.

Возењето во папучи или отворени чевли е забрането, бидејќи може да му пречи на возачот за време на маневрирањето, а полицијата, освен главните патишта, ги контролира и приодите кон плажите.

Грчката сообраќајна полиција ригорозно казнува и за алкохол, неврзување појас и пушење во возилото во присуство на деца.