Во биографијата и стои како работела како помошничка во канцеларија, но тоа нема баш да и помогне многу при „освојувањето“ на работодавачот.
Како би пронашле работа, многумина на сите можни начини ја разубавуваат својата биографија за да му се допаднат на својот потенцијален работодавач.
Но, еден татко одлучи да оди во друга крајност. Тој напиша потполно искрена биографија за својата 16 годишна ќерка Лорен Мур од Редкар во Кливленд.
Го навел нејзиното работно искуство, хобија и образование.
-Мрзелива, касни, нема познавања, непристојна, неодлучна, мрази луѓе, типична 16 годишна девојка- тоа се вештините и квалитетите кои овој татко ги препознал кај својата ќерка.
Remind me not to let my dad do my cv for me pic.twitter.com/rFFdoRgHxZ
— Lauren guest (@lauren_guest123) August 20, 2018
Девојката биографијата ја објавила на социјалната мрежа Твитер, каде предизвикала воодушевување меѓу пријателите, но подобро би било да се запраша зошто нејзиниот татко за својата ќерка напишал ваква биографија.