среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Косовар неовластено влегол и снимал во тетовската касарна

Косовар неовластено влегол и снимал во тетовската касарна

Секторот за внатрешни работи Тетово поднесе кривична пријава против Ј.Л.(74) од Р.Косово, за сторено кривично дело „неовластено влегување во воени објекти и правење скици или цртежи на воени објекти и борбени средства“.

На 9 мај во Тетово пред објектот на Касарната во Тетово, пријавениот од возило со неговиот мобилен телефон неовластено фотографирал и направил кратко видео од просторот на воениот објект.