среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

НАТО ги отфрла сугестиите на Путин за заканата од Алијансата во источна Европа

НАТО ги отфрла сугестиите на Путин за заканата од Алијансата во источна Европа

НАТО денеска ги отфрли сугестиите на рускиот претседател Владимир Путин дека силите на Алијансата во источна Европа претставуваат закана по Русија.

– Акциите на НАТО се одбранбени, пропорционални и целосно во согласност со нашите меѓународни обврски. НАТО распореди 4.000 војници во источниот дел на Алијансата – со цел да обесхрабри можна агресија. Наспроти тоа, Русија има војска во Украина, Грузија и Молдавија спротивно на желбите на нивните влади, изјави портпаролката на НАТО Оана Лунгеску.

Претседателот на Русија денеска изјави дека НАТО ја придвижува својата воена инфраструктура поблиску до руските граници, поради што Москва како одговор на тоа треба да ја зајакне сопствената инфраструктура. (МИА)