Од 9 до 15 часот утре без струја ќе остане дел од населеното место Мрзенци и околните објекти на компаниите „Ледра“, оранжерии „Баламов“, „Тефтер транс“, плантажата „Авлаќ“ и „Житопром’, соопшти Контролно-енергетскиот центар на ЕВН од Гевгелија.
Прекинот во напојувањето со струја ќе биде поради тоа што екипи на ЕВН ќе работат на реконструкција и модернизирање на дистрибутивната мрежа на општина Гевгелија.
Се работи за инвестициски зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија.