Ужасна миризба се шири низ Визбегово, реагираат жители и минувачи.
Коски, глави, црева и други остатоци од утробите на мртви животни се депонирани покрај патот на улица ,,5“ во Визбегово.
Жителите на овој дел браат итна реакција на надлежните служби, пронаоѓање на загадувачите и одложувачи на сметот и нивно казнување.
Оваа глетка не е случај само во Визбегово. Во април оваа година карпошани се жалеа дека голема дива депонија е глетката која граѓаните секојдневно ја гледаат покрај кејот на реката Вардар во Општина Карпош. Место кое треба да биде користено за рекреација на граѓаните е претворено во потенцијално упориште на разни зарази и болести. Инаку, токму ова е едно од местата каде треба да биде огромниот парк кој градоначалникот на општината, Стефан Богоев го вети во Карпош.
Тогаш редакцијата на Курир беше на лице место и можеше да се увери каква е состојбата во дивата депонија, која е полна со ѓубре и така веќе седи некое време.
Инаку, во Карпош граѓаните за жалеа на уште една дива депонија во нивната општината. Дива депонија имаше и во близина на центарот на Скопје, непосредно до Арената Борис Трајковски.
Инаку во својата програма „Живот Скопје! За сите“, тогаш кандидатот, а сега градоначалник како едно од главните ветување го имаше редовно чистење на депониите во Скопје.
-Се обврзавме постојано и навремено да ги чистиме депониите и каналите, да вложуваме во колекторски системи, пречистителни станици, регионални фабрики за третман на цврстиот комунален отпад и во енергетски ефикасни објекти, е ветувањето во програмата на тогаш кандидатот за градоначалник на Скопје од СДСМ, Петре Шилегов.