среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Тажна приказна на познатиот англиски репрезентативец: Заработуваше милиони, а сега банкротираше

Тажна приказна на познатиот англиски репрезентативец: Заработуваше милиони, а сега банкротираше

Не е работата само да се заработат милионите, туку важно е и да се сочуваат во најмала рака, а секако најдобро е да се вложат во нешто паметно. За ова можеби најдобро од спортистите би можеле да зборуваат Матје Фламини и Коби Брајант, меѓутоа како совет како не треба можеби треба да го послушаме Карлтон кол, кој објави дека банкротирал.

Човекот кој заработуваше милиони во кариерата, кој имаше и до 40.000 фунти плата на неделно ниво, сега како што се кажува кај нас е шворц. Тој излезе во јавноста и го призна тој факт, но не откри детали околу тоа како стигнал до оваа состојба.

-Се надевам дека мојата приказна ќе им помогне на младите фудбалери да преземат одговорност на себе околу тоа кого слушаат и од кого земаат совети, изјавил Кол.

Тој вели дека лошите совети го донеле до тука каде што е.

-За жал, не сфатив што се случува додека мојата кариера не дојде во доцни години. Беше прекасно работите да свртат.

Овој напаѓал сега има 34 години, а во кариерата играше за Челзи, Вулверхемтон, Астон Вила, Вест Хем, каде ги имаше најдобрите мигови, Селтик, а последен клуб му беше Персиб Бандунг во Индонезија, каде прифати да игра за да биде блиску до Малезија, поради својата сопруга, таму беше пет месеци и не постигна гол. Тренерот на тимот во една прилика кажал дека кога го има Кол на теренот „како да игра со десет луѓе“.

А во текот на кариерата Кол беше доста успешен напаѓач. Постигна 51 гол на 289 натпревари на највисоко ниво, а дури играше и седум пати за репрезентацијата на Англија. За Вест Хем играше дури девет години. Кариерата му траеше 16 години, за жал од финансиски аспект таа заврши неуспешно.

Кол по објавувањето на банкротот ја отвори академијата „CCTwelve Football Academy“ и работи како советник на млади луѓе и фудбалери околу тоа што ги чека во располагањето со парите и животот што ги чека.

Не е некој добар пример како треба со парите, но секако е пример како не треба, а тоа и тоа како вреди да се знае.