Во текот на вчерашниот ден во 15:00 часот на Граничниот премин „Деве Баир“ со патничко возило „Дачија логан“ со турска национална ознака допатувал Н.Ј.И.(52) од Република Бугарија.
При проверка на приложените документи било констатирано дека зелената карта за осигурување од автоодговорност од осигурителна компанија била фалсификувана.
Лицето било лишено од слобода и предадено на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.