среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Во Куманово експлозивна направа во корпа за смет, повредени нема

Во Куманово експлозивна направа во корпа за смет, повредени нема

Кумановецот А.Д.(30) изутрината во 3:20 часот во СВР Куманово пријавил дека слушнал детонација од експлозивна направа пред капијата од неговата куќа.

– Излезено е на местото на настанот и првично е констатирано дека најверојатно е ставена експлозивна направа во корпа за смет пред капијата. Во настанот повредени лица нема, предизвикана е само материјална штета на прозорците од куќата, соопшти МВР.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.