среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Кочев: 800 илјади кафиња ќе се пијат во влада, а нема пари за општествено корисни работи

Кочев: 800 илјади кафиња ќе се пијат во влада, а нема пари за општествено корисни работи

800 илјади кафиња ќе испијат Заев и другарите во владата оваа година. Нема крај на расипништвото на СДСМ. Наместо за општествено корисни работи власта ги троши нашите пари на скапи кафиња. Новата набавка на кафе во вредност од 45  илјади евра е  врв на расипништво, вели Александар Кочев од ВМРО-ДПМНЕ.

– Ова е втора набавка на кафе оваа година од страна на владата, која претходно во јануари набави кафе во вредност од над 17 илјади евра. Партијата која ветуваше дека нема да се расфрла со парите на граѓаните сега немилосрдно  ги троши. Само за споредба претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ годишно набавувбаше кафе во вредност од 10 илјади евра, додека СДСМ за само 8 месеци потроши 62 илјади евра или 6 пати повеќе од ВМРО-ДПМНЕ. Повеќе од година дена нема никаков проект, во државата се е стопирано, сите ветувања дадени кон младите се испоставија како една голема лага, државата се задолжува, а капитални инвестиции нема, но затоа има за луксуз. Има за кафе, има за цвеќиња, има за скапо платени промоции на капитулантски договори, вели тој.

Кочев посочува дека Владата има пари за се, само за граѓаните не.

-Ова расипништво мора да запре. Граѓаните очекуваат нивните пари наместо за скапи цвеќиња и кафе да  се инвестираат во нови училишта, градинки, болници, студентски домови. Оваа власт се покажа целосно неспособна. СДСМ мора да си замине, истакна тој.

Најнови вести