Присоединувањето на Турција во Европска унија е една од најважните надворешнополитички задачи на Анкара, изјави денеска во Вилнус турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу.
– Нема никакви сомнежи дека нашата земја и во иднина ќе остане членка на НАТО и ќе се стремиме кон членство во ЕУ. Сакаме Турција да го добие од ЕУ тоа што го заслужува. Турција очекува јасен сигнал од ЕУ за членство, посочи Чавушоглу.
Кон крајот на јуни Анкара ја обвини ЕУ за неправеден однос поради изјавата на Советот на Унијата дека преговорите со Турција „практично се на мртва точка, а Анкара се повеќе се оддалечува од ЕУ“.
Турскиот министер за надворешни работи во Вилнус денеска се сретна со претседателката на Литванија, Далија Грибаускајте и со шефот на литванската дипломатија Линас Антанас Линкевичус.
Грибаускајте истакна дека ЕУ не може да и сврти грб на Турција и оти е неопходно да се бараат решенија за пружање помош на Анкара со цел да се стави крај на терористичките закани и да се намали мигрантскиот бран во Европа.
– Турција има потреба од Европа и Европа има потреба од Турција во сферата на трговијата, безбедноста, прашањата поврзани со миграцијата и во други области, наведе Грибаускајте.
Додека Линкевичус истакна дека „Турција секогаш била искрен партнер во дијалогот со Литванија“.
– Не е нормално да не се зборува директно, дури и ако има проблематични прашања, посочи Линкевичус.
Претходно, Чавушоглу изјави дека односите на Турција со Русија не се алтернатива за односите на Републиката со Европска унија или со САД, изјави денеска шефот на турската дипломатија Мевљут Чавушоглу за време на посетата на Литванија.
– Нашит односи со Русија не се алтернатива за односите со ЕУ или со САД. Надворешната политика на Турција е ориентирана на баланс (во односите), посочи Чавушоглу.
Тој додаде дека Турција сака да ги реши проблемите со САД по пат на дијалог.
Тој ја коментираше и посетата на претставници на американскиот Конгрес на Турција, при што тие апелираа Анкара да се откаже од купување на противракетните системи С-400 од Русија, за да добијат авиони ловци Ф-35 од САД. Чавушоглу повтори дека „купувањето на С-400 не предност на Турција туку принудна мерка“.
– Нас ни требаат системи за противвоздушна одбрана. Ние сакаме да ги купиме од нашите сојузници, вклучително и САД, но не можеме тоа да го направиме. Може ли Америка да даде гаранции за продажбата на системите „Патриот“? Дури и за Ф-35 постојано се менуваат условите. Купувањето системи за противвоздушна одбрана е крајно неопходно за нашата безбедност, потенцира Чавушоглу.