четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Се зголеми бројот на починати од вирусот Западен Нил во Грција

Се зголеми бројот на починати од вирусот Западен Нил во Грција

Вкупно 16 луѓе починаа од вирусот Западен Нил во Грција, додека пак регистрирани се 133 случаи на лица инфицирани од вирусот, изјави претставничката на Центарот за контрола и превенција на болести, Данаи Перваниду во интервју за радиото „Практорио фм“.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, Перваниду вели дека за жал, ширењето на вирусот е доста големо и се регистрирани случаи во многу општини, особено во областа Атика, поширокиот дел на Атина и во централниот дел од Северна Грција.

– Осумдесет отсто од инфицираните лица немаат симптоми, 20 отсто развиваат вирусна инфекција, а еден отсто енцефалитис или менингитис и ова најчесто главно е кај постари лица и со хронични болести, вели Перваниду.

Пред само пет дена, како што во петокот објави МИА, бројот на починати беше 11, а на инфицирани 107 лица. (МИА)