Во Полициска станица Центар, воспитувач во Домот за деца без родители „11-ти Октомври“, пријавил дека на 27-ми август во 19:30 часот од домот во непознат правец се оддалечила 17-годишна штитеничка. Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Во 15:30 часот во Полициската станица Гази Баба, вработен во ЈЗУ „Ранка Милановиќ“, пријавил дека на 26.08.2018 година од домот во непознат правец се оддалечиле нивни двајца штитеници на возраст од 12 и 13 години.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на малолетниците.
Исчезнувањето на малолетни штитеници на овие домови, станаа честа појава во последно време.