понеделник, 25. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Неформален состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ

Неформален состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ

Министрите за надворешни работи на Европската унија денеска и утре во Виена ќе имаат неформална средба на која ќе се дискутира за повеќе актуелни меѓународни теми.

Министрите ќе ја разгледаат ситуацијата на Блискиот и Средниот исток, во Украина, трансатлантските односи, а утре посебно ќе се осврнат на Западен Балкан, додека австриските медиуми очекуваат една од темите да биде и промената на граници како можно решение за косовскиот проблем.

Утре ќе се разговара и со шефовите на дипломатиите на земјите кандидати за членство во ЕУ.

Со оглед на тоа што се работи за неформален состанок, нема да има никакви одлуки.

Австрија, која претседава со Европскиот Совет, најави дека на средбата ќе учествуваат и министрите за надворешни работи на Македонија, Албанија, Србија, Турција и Црна Гора.

– Расправата за Југоисточна Европа ќе биде во согласност со развојот на настаните во претстојните месеци, со фокус на проширувањето, соопшти австриското претседателство.

(Миа)