Тренерот на Салцбург, Марко Розе беше многу разочаран по синоќешната елиминација од Црвена ѕвезда во плејофот на Лигата на шампионите.
– Играчите се тажни, плачат тие, плачат луѓето во клубот и навивачите. Не заслуживме ваков исход. Ова елиминација многу боли. Прикажавме многу повеќе од нашиот ривал, ама примивме два наивни гола. Заслуживме да играме во ЛШ, но тоа е фудбалот, изјави предводникот на австрискиот првак.
Салцбург и Црвена ѕвезда одиграа 2:2 и по првите 0:0 во Белград, во ЛШ се пласира српскиот претставник.
За Салцбург ова беше 12. неуспешен обид да се најде во групната фаза од елитното натпреварување.
Ред Бул Салцбург во еврокуповите продолжува во второто по квалитет натпреварување – Лига Европа.