Фудбалерот на Вардар, Кристијан Тошевски доби повик од селекторот на Македонија, Игор Ангеловски за натпреварите против Гибралтар и Ерменија (9 септември) во Лигата на Нации.
Ангеловски го повика Тошевски на местото на Аријан Адеми (Динамо Загреб) кој поради повреда на задниот бутен мускул ќе паузира еден месец.
Лигата на Нации, Македонија ја отвора на 6 септември со гостување во Гибралтар, а три дена подоцна (9 септември) „црвено-жолтите“ ја пречекуваат Ерменија.