среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Поради 24-часовен штрајк закотвени бродовите во Грција

Поради 24-часовен штрајк закотвени бродовите во Грција

Закотвени на пристаништата од 6 часот утрово се сите грчки бродови поради 24-часовниот штрајк на Поморската федерација  на Грција.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, причината за штрајкот кој постои опасност да продолжи и во следните денови се колективните договори за екипажите на бродовите.

Од федерацијата бараат зголемување за пет отсто на колективните договори, додека пак од компаниите предложиле зголемување за еден отсто сега и уште еден отсто од први јуни 2019, нешто што не било прифатено од Поморската федерација  на Грција. (МИА)