среда, 27. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Осуммина загинати во експлозија во магацин за оружје во Кејптаун

Осуммина загинати во експлозија во магацин за оружје во Кејптаун

Најмалку осум лица загинаа во денешната експлозија во еден од магацините за складирање на муниција во близина на Кејптаун, соопшти градската служба за пожари и спасување.

– Засега не се познати причините за експлозијата. Во моментов, на самото место, има 15 пожарникари со три противпожарни возила, изјави портпаролот на таа служба Тео Лејн.

Локалните медиуми објавија дека чадот може да се види неколку километри од местото на несреќата.

Фабриката за муниција Рајнметал Денел Мунишн е специјализирана за развој, проектирање и производство на муниција со среден и голем дострел.

Таа е во мнозинска сопственост на германската компанија Рајнметал Вафе Мунишн, додека 49 отсто е во сопственост на јужноафриканската компанија Денел Сок лимитид.