четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Гори основно училиште во Лондон, 80 пожарникари на терен

Гори основно училиште во Лондон, 80 пожарникари на терен

Во основно училиште во Лондон изби пожар, и засега нема информации за повредени, јави Би-Би-Си.

Лондонската противпожарна служба соопшти дека 12 возила и 80 пожарникари се испратени во источниот дел од Лондон каде се наоѓа школото. Пожарот го зафатил училиштето Родинг во Дегенхам.

Околу половина од училишната зграда е запалена, а причината за пожарот се уште не е позната.

Учениците од основното училиште Родинг требаше да се вратат во клупите на 5 септември по летните одмори.

(Миа)