среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Им кажа ли Заев на претставниците на СБ дека додели 10 милиони евра од Фондот за иновации на функционери од власта, нивни роднини и пријатели?

ВМРО-ДПМНЕ: Им кажа ли Заев на претставниците на СБ дека додели 10 милиони евра од Фондот за иновации на функционери од власта, нивни роднини и пријатели?

Дали Зоран Заев кој денеска пред преставниците од Светска банка презентираше проект за поддршка на бизнис акцелератори во висина на 1.5 милиони евра преку Фондот за иновации им кажа дека 10 милиони од овој фонд наместо како грантови за иновации завршија кај функционери на власта, нивни роднини и пријатели, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Дали и овие 1.5 милиони евра ќе завршат во џебовите на некој партиски функционери? Знаат ли претставниците на Светска банка дека Заев работи по моделот „Евро за Вицето, евро за црквата“ кој од Струмица го преслика на цела територија на Република Македонија? Им ги покажали Заев насловните на Вашингтон пост, Мајами хералд, Си-Ен-Би-Си и другите влијателни светски медиуми кои известуваат за големите криминали и корупцијата во Република Македонија под негова власт. Со СДСМ  на власт државата континуирано тоне, економскиот раст е 0%, платите паѓаат, а стандардот на граѓаните тоне. Бизнисот ее клекнат на колена. Зоран Заев нема кредибилитет да зборува за  поддршка на бизнисот и создавање на услови за економски развој, бидејќи тој во изминативе 15 месеци создава само криминал. Токму затоа наместо да ја лаже јавноста треба да си поднесе оставка и да се замине пред да и нанесе преголеми штети на државата, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести