четврток, 21. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Берлускони и Галијани ја преземаат Монца

Берлускони и Галијани ја преземаат Монца

Легендарниот тандем на Милан, Силвио Берлускони и Адриано Галијани, од времето кога „Росонерите” беа пет пати шампиони на Европа, повторно можеа да се вратат во фудбалот и да го преземат италијанскиот третолигаш Монца, објави италијанскиот Скај Спорт.

Како што е наведено, тие разговарале со семејството Колумбо за купување на клубот кој минатата сезона беше елиминиран во плеј-офот за влез во Серија Б.

Минатата година, по три децении во Милано, Берлускони одлучи да го продаде Милан на кинески инвеститори, а неговата десна рака Галијани набрзо тргна по неговиот пат. (МИА)