Жител на тетовското село Пирок бил нападнат од четворица полицајци, информираше МВР.
Според полицијата, вчера околу 21.40 часот, Д.К.(42) од Пирок, пријавил дека враќајќи се со возило од Скопје кон Тетово, во месноста „Глумово“, бил запрен од четворица полициски службеници.
Тие, според пријавеното, најпрво го легитимирале него, неговата сопруга и неговата баба, а потоа побарале да го отвори багажникот и физички го нападнале. После тоа, Д.К. бил приведен и еден час бил задржан во Полициско одделение Сарај. Откако бил пуштен, тој побарал лекарска помош во тетовската клиничка болница, каде бил задржан за натамошно лекување.
За настанот веднаш бил известен Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи. Се преземаат интензивни мерки за целосно документирање и расчистување на случајот.