Српскиот министер за одбрана Александар Вулин изјави дека во овој момент во околината на Дреница во Косово, каде што српскиот претседател Александар Вучиќ треба да помине до селото Бање, на пет места се пука, а според него, тоа го прават вооружени ветерани на ОВК, а одговорен е претседателот на косовското собрание Кадри Весељи.
– Нашиот претседател нема да биде сам и нема да остане незаштитен. Моментно на пет места има блокади, вооружени луѓе кои пукаат, очекуваме и реакција од КФОР, а зад се ова стои Кадри Весељи и тој е одговорен за се што ќе се случи, истакна Вулин.
Тој за телевизијата Пинк нагласи дека КФОР треба да ја реши таа ситуација, бидејќи имаат и обврска и одговорност да реагираат.
– Вучиќ оди во најопасниот дел на Косово, оди во Дреница и таму на пет места го чекаат вооружени луѓе, истакна Вулин.
МИА