среда, 13. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Лук Шо по повредата соопшти дека се чувствува добро

Лук Шо по повредата соопшти дека се чувствува добро

Англискиот репрезентативец Лук Шо тешко се повреди по судирот со Дани Карвахал на натпреварот против Шпанија од Лигата на нации.

Шо падна на главата и остана неподвижно да лежи на теренот, по што веднаш беше пренесен во болница.

Инцидентот предизвика загриженост кај навивачите, но денеска фудбалерот преку својот Твитер профил соопшти дека се чувствува добро.

– Ви благодарам за целата љубов и поддршка. Јас сум добро и во најдобрите раце. Борец сум и наскоро ќе се вратам, напиша Шо.

Шпанија ја победи Англија со 2:1 на гостувањето во Лондон. За англиската репрезентација ова е прв пораз по 2007 година на „Вембли“, а воедно на натпреварот Луис Енрике дебитираше како селектор на шпанската клупа. (МИА)