Легендарниот аргентински фудбалер Диего Армандо Марадона изјави дека е возбуден по неговото назначување за тренер на мексиканскиот второлигаш Дорадос де Синалоа.
Марадона утре ќе допатува во Кулијакан и ќе ја официјализира соработката со клубот.
– Возбуден сум за новата можност да работам како тренер. Среќен сум што доаѓам во земја каде станав шампион на светот, истакна легендарниот аргентински фудбалер.
Марадона на Светското првенство во Мексико во 1986 година со арагентинската репрезентација ја освои шампионската титула, а тој беше прогласен за најдобар играч на Мундијалот.
По завршување на играчката кариера Марадона во неколку наврати беше ангажиран како тренер, а работеше и како селектор на репрезентацијата на Аргентина. (МИА)