петок, 22. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Франција ќе потроши 3,6 милијарди евра за обнова на воени сателити

Франција ќе потроши 3,6 милијарди евра за обнова на воени сателити

Франција ќе инвестира 3,6 милијарди евра за обнова и модернизација на воени сателити за да ја заштити својата мрежа од потенцијално непријателско шпионирање, изјави француската министерка за вооружени сили Флоранс Парли.

– Ќе инсталираме камери за надзор за нашите сателити, така ќе знаеме кој ни се доближува,  додаде Парли.

Франција минатата година откри обиди на Русија да пресретне комуникации од воен сателит, кој француската и италијанската армија го користат за безбедни врски, инфомира министерката.

МИА