сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Европските инспектори се враќаат во Грција

Европските инспектори се враќаат во Грција

Претставници на европските институции се повторно во Грција за да го проверат текот на економските реформи во земјата, три недели откако заврши третата меѓународна спасувачка програма за земјата, пренесува БТА.

Петдневната инспекција, која започна денеска, се очекува да се фокусира на ветувањата на Владата, дадени за време на викендот, да воведе даночни олеснувања, како и плановите за укинување на намалувањето на пензиите, што треба да стапи во сила од 1 јануари.

Крајот на спасувачката програма значи дека Грција треба да се врати на меѓународните пазари на капитал. (МИА)