петок, 26. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Галеб сакал да му го “украде” чизбургерот, па тој го удрил: Американец ќе плати казна (ВИДЕО)

Галеб сакал да му го “украде” чизбургерот, па тој го удрил: Американец ќе плати казна (ВИДЕО)

Еден Американец e обвинет бидејќи со нога удрил и повредил галеб кој пробал да му го земе чизбургерот додека седел на плажа во Њу Хемпшир.

-Toкму поради тоа, мажот мора да плати казна во износ од 124 американски долари, пишуваат локалните медиуми.

Сослушувајќи ги очевидците, полицијата од Њу Хемпшир воочила дека Нејт Ранклоус, додека се спремал да го вкуси сочниот чизбургер, удрил и притоа повредил галеб кој пробал да му го “украде” оброкот. Медиумите пишуваат дека Ранклоус седел на плажа кога го “опколиле” неколку галеби кои му се навртеле на неговото јадење.

Полицијата изјавила дека тој само пробал да ги избрка, мавтајќи со ногата и дека немал лоши намери. Очевидците тврдат дека Нејт притоа повредил еден галеб бидејќи имал потешкотии при летањето.

Во согласност со законот на сојузната држава Њу Хемпшир која се наоѓа во Нова Англија на североистокот од САД, галебите се заштитен животински вид.