петок, 15. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Ограбена обложувалница во Маџари, вработената го испланирала грабежот

Ограбена обложувалница во Маџари, вработената го испланирала грабежот

Вработена во обложувалница во Маџари вршела фиктивни уплати на тикети, а потоа за да прикрие дека недостасуваат пари испланирала вооружен грабеж.

Според информациите на МВР, полицијата поднесе кривична пријава против лицата А.Ж.(30) од Скопје поради основано сомнение дека извршил кривично дело тешка кражба на дрзок начин и Ј.Б.(22) од Скопје поради основано сомнение дека извршила кривично дело помагање и лажно пријавување на кривично дело, при што се стекнале со противправна имотна корист од околу 196.000 денари.

На 5 септември годинава околу 09,30 првопријавениот претходно се договорил со вработената да влезе со оружје и наводно да ја принуди да му ги даде парите од сефот од обложувалницата. Тие ја договориле кражбата со цел да го прикријат долгот на парични средства кои претходно ги направил пријавениот уплаќајки поголем број на тикети со високи суми, фиктивно без уплата на пари, а уплатите на тикети ги извршила Ј.Б.

„Второпријавената кривичните дела ги извршила на тој начин што претходно со пријавениот А.Ж. се договорила истиот да дојде во обложувалницата вооружен со огнено оружје и да ѝ ги побара паричните средства од касата, а сè со цел истата да го прикрие минусното салдо на состојбата од касата на обложувачницата кое го направила на начин што се согласила да му изврши поголем број на фиктивни уплати на тикети на првопријавениот без уплата на парични средства“, велат од МВР.

Од таму информираат дека двете лица се приведени.