Пет лица се борат за живот во загрепска клиника за инфективни болести откако по убод од комарец заболеле од западнонилска треска, јави Индекс.
– Бројот на заразени од опасниот вируссе зголемува, изјави д-р Марко Кутлеша од Институтот за интензивна медицина и инфектологија. Тој посочи дека петмината заразени се во критична здравствена состојба и се на апарати за дишење.
– Уште други две лица се тешко болни и за нив има сомненија дека се заразени од вирусот, но кај нив не е потврдена болеста, изјави лекарот. (МИА)