понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Неверојатна автомобилска колекција: Погледнете што вози кралот на Инстаграм (ФОТО)

Неверојатна автомобилска колекција: Погледнете што вози кралот на Инстаграм (ФОТО)

Ден Билзеријан со причина е крал на Инстаграм бидејќи неговите објави секојдневно добиваат милионски прегледи.

Овој човек го стекнал своето богатство играјќи покер на големи турнири и поради својот талент во оваа игра, тој успеал да си обезбеди прилично луксузен и удобен живот.

“Виновници” за неговата популарност на Инстаграм се преубавите разголени жени, моќните оружја, раскошниот живот, но и фотографиите од луксузните и уникатни возила кои Билзеријан ги поседува.

Во продолжение, ви претставуваме само дел од неговата автомобилска колекција.

Lamborghini Aventador – 393,695 долари

Прв на листата е преубавиот Lamborghini Aventador кој изнесува речиси 400 илјади долари. Ден ја поседува верзијата наречена Spider која е без кров и која доаѓа со помоќен мотор и посебни црни бандажи.

1965 AC Shelby Cobra 427 – 1.815,750 долари

Оваа “кобра” изнесува речиси два милиони долари, што е едноставно неверојатно. Металик сивата боја, кабрио моделот и ретро изгледот го прават ова Shelby еден од најубавите автомобили на светот.


Bentley Continental GT – 190,625 долари

Ова е еден од најевтините автомобили на Билзеријан, а повторно изнесува речиси 200 илјади долари што само покажува колку пари поседува овој човек. Станува збор за стандардниот Continental модел кој Билзеријан го користи како своја лимузина.


Brabus 6X6 AMG G63 – 900,000 долари

Овој џип изнесува речиси еден милион долари, а она што го издвојува од другите модели е тоа што има 6 тркала, од кои 4 се наоѓаат на задниот дел од автомобилот.

Најнови вести