четврток, 21. декември 2023. Вести денес: 0
home Хороскоп

Пет реченици кои никогаш не треба да им ги кажете на Близнаците

Пет реченици кои никогаш не треба да им ги кажете на Близнаците

Доколку сакате да го задржите добриот однос со лицата родени во хороскопскиот знак на Близнаци, никогаш не им ги кажувајте овие пет реченици.

1.Премногу зборуваш

Близнаците не можат да молчат, но не сакаат кога некој ќе им каже дека премногу зборуваат. Иако многу зборуваат, тие се неверојатни пријатели и знаат секого да сослушаат. Поради тоа навистина ги боли кога некој ќе им каже да замолчат, бидејќи тоа го сметаат за вид непочитување кон нив.

2.Постојано го менуваш мислењето

Близнаците се познати по својата неодлучност. Дури и кога одлучуваат за нешто, може брзо и лесно да го сменат мислењето. Можеби тоа вас ќе ве нервира, но тоа се едноставно тие и такви мора да ги прифатите.

3.Биди посериозен/а

Тие уживаат во добриот хумор и забава, а најдрага им е насмевката на саканите лица. Посебно ги вознемирува кога некој сака да им го наруши доброто расположени со депримирачки приказни, кои на одреден начин им сугерираат да станат посериозни.

4.Не можеш во исто време да работиш две работи

Познати се по својата способност да извршуваат повеќе работи оддеднаш и најдобро реагираат кога се во својот хаос на обврски, особено под притисок. Не се обидувајте да им ја промените таа навика, едноставно Близнаците тоа го прават најдобро на овој начин.

5.Ти тоа не го разбираш

Ова не е вистина, во секој случај не ја изговарајте оваа реченица никогаш. Близнаците се грижливи пријатели кои секогаш ќе ве сослушаат, разберат и ќе с еобидат да ви дадат добри совети. Меѓутоа имајте во предвид дека тие не сакаат преголема драма, па повремено ќе ви го оттргнат вниманието од проблемот кој го имате.