Нејзините два најголеми квалитети се чувствителноста и трпението. Има благ карактер, но тоа не значи дека со неа може да се манипулира. Ако некој се обиде да ги тестира нејзините граници, ќе се разбуди нејзиниот огнен темперамент.
Се работи за жената Бик.
Припадничките на овој знак го кријат својот темперамент, затоа што во животот се склони на рамнотежа и сигурност. Не се авантуристи и никогаш нема да ризикуваат, ако тоа може да има донесе нагли и големи промени. Со самото тоа тие живеат во едноличност, а сите промени главно ги предизвикуваат надворешните промени.
Жената Бик учи од искуство и никогаш нема да и се случи два пати да ја повтори грешката.
Жената Бик се смета за една од најверните знакови. Таа никогаш не влетува во врска затоа што многу и е важно во потполност да го запознае партнерот. Дури кога ќе биде сигурна дека избрала квалитетна личност таа ќе се впушти во сериозна врска. А еднаш кога ќе се обврзе, тоа е засекогаш.
Мажот која сака да ја освои мора да биде подготвен на многу додворување и заведување затоа што тоа е патот до срцето на оваа жена. Тој што ќе ја освои од неа ќе добие многу затоа што жените родени во овој хороскопски знак по природа се грижат за другите, поради што во врската ќе даваат повеќе додека партнерот е верен и додека и дава чувство на сигурност. Многумина кои го доживеале тоа искуство, ја опишуваат жената Бик како маѓепсна љубовница.